Европската унија вчера најави дека се подготвува тендер за градежни работи и надзор над градежните работи за реализација на проектот за рехабилитација на патната делница Велес – Катланово. Од Министерството за транспорт и врски информираа дека Јавното претпријатие за државни патишта ја подготвува тендерската документација која откако ќе добие согласност од ЕУ, ќе овозможи распишување на тендерот за изведување градежни работи и надзор. Проектот е веќе одобрен на сума од 7,8 милиони евра. Најголемиот дел од парите, 85 отсто од вкупниот износ се грант од Европската унија, додека останатите 15 проценти се средства обезбедени од државниот буџет. Патната делница од Велес до Катланово ќе се рехабилитира во должина од околу 24 километри.
Европската унија вчера најави дека се подготвува тендер за градежни работи и надзор над градежните работи за реализација на проектот за рехабилитација на патната делница Велес – Катланово.
Од Министерството за транспорт и врски информираа дека Јавното претпријатие за државни патишта ја подготвува тендерската документација која откако ќе добие согласност од ЕУ, ќе овозможи распишување на тендерот за изведување градежни работи и надзор. Проектот е веќе одобрен на сума од 7,8 милиони евра. Најголемиот дел од парите, 85 отсто од вкупниот износ се грант од Европската унија, додека останатите 15 проценти се средства обезбедени од државниот буџет.
Патната делница од Велес до Катланово ќе се рехабилитира во должина од околу 24 километри.